Адел во интервју за Опра Винфри проговори на теми за кои досега нема зборувано.
Таа во ексклузивен разговор откри детали од приватниот живот, музичката кариера, но зборуваше и за разводот со поранешниот сопруг Сајмон Конецки
Адел проговори и за односот со нејзиниот татко Марк Еванс.
Имено, Марк ја напуштил Адел кога имала само две години, а се смирија пред неговата смрт во мај 2021 година.
Пејачката истакна дека цел живот сакала да има сопствено семејство.
-Ми недостигаше присуството на татко ми. Но, конечно сфатив дека тоа беше алкохолот, тој го зеде татко ми. Имав буквално нула очекувања од другите луѓе затоа што од примерот на татко ми научив дека ги немам. Тој беше причината што не разбрав целосно што значи да се има љубовен однос со некого, изјави таа.
Марк Еванс не ги слушап хитовите кои Адел ги објавуваше, а призна дека ја слушал нејзината песна „ “Hometown Glory”.
-Никогаш не ни пуштил некоја друга моја песна бидејќи му било премногу болно“, изјави Адел која сакала да му ја пее песната „To be loved“ која зборува за тоа колку неговото отсуство влијаела на неа.
=Беше неверојатно искуство и за него и за мене, Мислам дека можел да ме слуша како пејам, но не и како зборувам“, вели пејачката.
Адел зборува и за бракот со Сајмон осум години од кој се разведоа во 2018 година.
-Се чувствував како да не го почитувам бракот бидејќи толку брзо се разведов. Се срамам затоа што се случи толку брзо. Чувствував дека го разочарав син ми, дека се разочарав себеси, призна пејачката и откри дека се уште го сака.
„Најтешко беше да му објаснам на шестгодишното дете дека го сакам неговиот татко, но дека не сум заљубена во него“.
Таа призна дека токму тој и го спасил животот откако станала голема ѕвезда.
-Бев млад и мислам дека многу лесно можев да се уништам и да тргнам во погрешна насока бидејќи бев оптоварена со славата. За среќа, тој беше најстабилната личност во мојот живот. И сега толку многу му верувам што нему му го доверувам мојот живот, изјавила Адел.
фото: принтскрин/јутуб/профимедиа