Со одлука на гледачите, македонскиот учесник во реалното шоу „Задруга“, пејачот Адам беше исфрлен од популарното регионално реално шоу. На заминување, наместо со добро, дел од задругарите го испратија подмолно и со лошо.
Адам незнаејќи, доживеаја голема непријатност кога некои цимери го плукаа во грб при поздравување, а за оваа случка тој се осврна во интервју за српскот портал Пинк.рс.
View this post on Instagram
Адам вели дека бил шокиран од нивните постапки, но не успеал да види кој точно го направил тоа.
-Катастрофа, не можев да поверувам! Излегувам од сала, влегувам во кола и гледам плуканици и флеки по мене, на десниот ракав од сакото. Не можев да видам кој ме плукна, луѓето велат дека бил Иван Маринковиќ, Валентина, Звездан… Не знам точно кој е. Последниот поздрав, сепак им подавам рака: „Ајде луѓе, не е важно што се случило“, а ова им се допаѓа – вели Адам и додава: „Ми покажаа суета, љубомора, непријателство, лични фрустрации. во овие шест месеци…“ .
Во студиото го пречека неговиот татко Ибро, кој немаше забелешки за неговото учество во реалното шоу, освен една работа:
-Видовте како се запознавме во студио, беше многу емотивно. Едвај чекав да го видам, жив е и здрав. Ми кажа дека сум одличен, семејството не ме обвинуваше за ништо, освен што во некои ситуации не реагирав пожестоко, што не возвратив. Јас сум друг човек, не можев да се спуштам на нивното ниво – вели Адам, кој сепак има лошо мислење за Микица Бојаниќ и Лепи Миќа и додава:
-На почетокот добро се согласувавме. Потоа им се доверив за мојата бивша вереница, им кажав дел од моите тајни, а тие сето тоа го искористија против мене, видоа дека тоа е мојата слаба точка. Кога бев гладен и нервозен, секогаш знаеја да го искористат моментот да ме прозиваат и да ме испровоцираат, да си го направат интересен, а мене да ми го отежнат престојот – изјави Адам за Пинк.рс.
За потсетување, во изминатите шест месеци, временски период колу што беше во Белата куќа, Адам Лабунски не ретко беше дел од скандали, а си занина на ист начин како и кога влезе, само овој пат за она што мu се случи, дозна од видео снимките и медиумите.
фото:ТВ Пинк принтскрин/Јутјуб Задруга принтскрин