Постковид ерата започна, а по барање на сите љубители на квалитетна техно музика, Fusion Festival ја започнува со пионерот на техно музиката, Adam Beyer.
Со комплетно имплементирање на Ковид 19 протоколот и на светска продукција, на 3. јули на платото на А1 Арена, македонската публика ќе има уникатна шанса да ужива во целовечерниот диџеј сет на легендата на техно музиката, Adam Beyer.