Мегафон голем камбек...

АББА по речиси четири децении се вратија на сцена: Слушнете како звучат новите песни (ВИДЕО)

АББА по речиси четири децении се вратија на сцена: Слушнете како звучат новите песни (ВИДЕО)

Иако се заколнаа дека никогаш нема повторно да се соберат, речиси четири децении подоцна од разидувањето, легендарната шведска група ABBA  го најави своето „сензационално“ музичко враќање.

Славниот бенд составен од две поранешни брачни двојки продаде повеќе од 400 милиони примероци од албумите и влијаеше врз генерации поп-музичари. По победата на Евровизија во 1974 година со нумерата „Waterloo“, станаа глобнални суперѕвезди благодарејќи на бројните хитови во седумдесеттите и рените осумдесеттите години од минатиот век.

Од разидувањето во 1982 година, упорно ги одбиваа сите понуди повтоно да се состанат. Но се очекува во четвртокот да ги израдуваат обожавателите со вести за нивна нова соработка.

Сега седумдесетгодишите автори на поп-класиците како „Dancing Queen“, „The Winner Takes It All“ и „Take a Chance on Me“, вчера, 02-ри септември 2021 најавија „историска“ објава во 18.45 часот по средноевропско време.

„Ви благодариме што чекавте, патувањето наскоро почнува“, објави минатата седмица на Twitter славната четворка: 75-годишната Ани-Фрид Лингстад, Агнета Фалтског (71), Бјорн Улваеус (76) и Бени Андерсон на 74 години. Британскиот таблоид “The Sun” пишува дека бендот снимил осум нови песни.

Новиот албум со 10 песни официјално ќе излезе на 5 ноември.

Шведскиот бенд беше активен од 1972 до 1982 година. Покрај Улвеус и Андерсон, групата ја сочинуваа и Ани-Фрид Лингштад (75) и Агнета Фалтског (71).

Поп групата, исто така, најави турнеја, но виртуелна со холограми на членовите. Бјорн и Бени открија дека концертот ќе трае околу час и половина и ќе бидат изведени 22 песни.

Од истата категорија

Можеби ќе ви се допадне

To top