Звонимир Ѓукиќ- Ѓуле, фронтмен на популарниот рок- бенд „Ван Гог“, доживеа непријатност за време на нивниот настап во Сараево.
Имено, за време на изведбата на една од песните, се најде некој кој се обиде да го расипе атмосферата со фрлање шише кон пејачот и гитаристот, по што Ѓуле откако беше удрен во главата го прекина настапот.
На Интернет се појави видео од овој инцидент, кој можете да го погледнете подолу.
Сепак, по кратко време, Ѓуле се врати на сцената, продолжувајќи ја свитката со зборовите „Ова не е Сараево“ и дека групата дошла „да шири љубов“, а потоа ја поканил личноста која го удрила да се приклучи на групата на сцената, но тоа не се случи.
https://www.youtube.com/watch?v=p6EwSX3cxCc