Радоста и задоволството што ни ги приредуваат македонските ракометари со фантастичните партии и резултати на ЕП во ракомет во Хрватска никого не оставаат рамнодушен. Овации, извици, аплаузи, солзи радосници… колективна еуфорија до делириум!
Нема кој не гледа и не навива за Македонија… Од оние среќници што се таму, на трибините, до сите останати дома. И секој навива на свој начин. Сам, во двојка, тројка, со друштво во поголема група… Кој како може, знае и умее. Сите со едно срце и една душа – Македонија, ама секој на свој начин!
Навиваат сите, навиваат и тие – македонските јавни фаци, познати личности, естрадни ѕвезди… Ама од сите нив таа е најоригинална. Наташа Малинкова знае како се навива. Со срце и душа и… голо тело!
Сексапилната пејачка се соблече за Македонија! Сепак, завртена со грб! Големо срце, хаштаг и МКД испишани на голиот грб со црвен кармин и високо подигнато шалче со натписот: Македонија! Тоа стои одзади! Она што е од напред… само таа и привилегираните можат да го видат!
Ама затоа нејзината постирана фотографија на Инстаграм ја видоа сите. Храбро, еротски и патриотски!
Коментарите повеќе од средечни и сочни: „Пази, ѕирка судијата“; „Храбро и секси, браво Нате“; „Голема Македонка“…
Провокацијата е нејзина, а предизвикот на извесен Александар, кој го има најдовитливиот коментар: „Ако освоиме прво место… само сврти се!“