Откако Миа Костова повторно е на ТВ екраните, односно пред камерите на „Бекстејџ“, таа е постојано во фокусот на вниманието на ТВ публиката, а со самото тоа и на останатите медиуми.
За неа се пишува, говори, објавува, шпекулира… многу нешта или поточно се’ и сешто. Но, Миа вешто се справува со тоа, а понекогаш и „долева масло“ со своите бројни објави на нејзината омилена социјална мережа – Инстаграм.
Ако некој од познатите личности во Македонија можеме да го прогласиме дека „живее на Инстаграм“, таа адреса дефинитивно може да и припадне на водителката Миа Костова.
Понекогаш дури и самата е свесна да каже дека можеби ги „блокирала“ телефоните на своите следбеници со многубројните секојдневни објави, но очигледно социјалните мрежи се нејзиниот начин и стил на живот со кој одлчино маневрира.
Бројните следбеници на Миа и тоа како ги сакаат нејзините објави со искуства и совети за убавина, храна, мајчинство… А тоа пак, дополнително ја мотивира и да им покаже на некои каде им се пропустите и малку да искритукува.
Овој пат на Миа и „влегоа во око“, инфлуенсерките на Инстгарам кои не се држат до својот став кој го пропагираат, па им посочи јасно и гласно:
Онака чисто сакам да алудирам на извесни инфлуенсери, односно на луѓе кои што важат за креирачи на мислење или сметаат за себе дека имаат публика на Инстаграм, убаво е да имате став и да се држите до истиот. Ако сте плукале по се што е неприродно, боцкано, тегнето, преправено, тогаш држете го ставот до крај. Затоа што во првиот момент кога ќе ви понудат да ви стават филерче без пари, први ќе легнете. Така што, муабетот ми е дека убаво е да се држите до ставот кој сте го имале на почеток, за да ви веруваат луѓето, порача Миа во кусите приказни или популарно начерени „стори“.
Директна и без влакна на јазикот, Миа го кажа своето, а иако не именуваше никого, оние засегнатите, најверојатно ќе се пронајдат.