Планетарно популарната актерка со години плени на својот изглед, а многумина го коментираа нејзиното последно појавување во јавноста со нејзиниот сопруг.
Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас се во брак 17 години, а разликата од 25 години што постои меѓу нив според зборовите на овие актери никогаш не била проблем.
Овој славен холивудски пар беше фотографиран на луксузна прослава, а провокативното издание на актерката привлече најголемо внимание.
И покрај фактот дека таа имаше скап фустан и длабоко деколте, многумина коментираа дека изгледа навистина лошо, дека „остарела преку ноќ“ и жалеа што изгубила убавата насмевка.
А иако на двајцата им е убаво и покрај разликата во годините, народот ги гледа со жалење. Тоа е уште една потврда дека луѓето многу сакаат да го ставаат „носот“ каде што не им е местото.