Хрватската пејачка Северина Којиќ не се откажува од намерата да стане мајка по вторпат и на сопругот Игор да му роди дете.
Покрај тоа што има 47 години, Северина не ја губи надеж дека на синот Александар ќе му роди брат или сестра.
На прашањето дека се зборува дека ќе стане мајка по вторпат, Севе вели:
„Би сакала, работиме на тоа“ вели пејачката.
На прашањето колку ја погодуваат написите за нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ, Северина вели:
„Не читам и не коментирам. Ништо не ме нервира, а бившиот не ме интеренсира“ вели Којиќ.
За потсетување, неодамна пред домот на поранешниот сопруг на Северина беше пронајден чуден предмет, а наводно го оставил Игор Којиќ.