Турската актерка Гупсе Озај и свршеница на најпосакуваниот туски актер, Бариш Ардуч, покажа дека се врати во физичка форма.
За потребите на снимањето на серијата „Делиха2“ таа мораше да покачи килограми и визуелно да се измени, а сега на премиерата се облече во кусо фустанче и откри дека за брзо време ја врати посакуваната форма.
Медиумите и фановите ја критикуваа дека премногу се здебели, но за кратко време Озај го покажа спротивното.
Бариш се појави на премиерата на својата сакана и го привлече целото внимание.
Гупсе и Бариш требаше да се венчаат и направат свадба минатото лето, но тоа не се случи, а причината се уште е непозната.