Мегафон

Лазар Бараков се прости од колегата Гоце Влахов: „Почивај во мир мој скап другар и соборец!“

Лазар Бараков се прости од колегата Гоце Влахов: „Почивај во мир мој скап другар и соборец!“

Македонската публика најмногу ги памети заедно од улогите во Македонските народни приказни, а денес на голема жалост едниот мораше да се прости од другиот.

По смртта на актерот Гоце Влахов, неговиот колега Лазар Бараков преку социјалните мрежи напиша последен поздрав до својот драг и како што вели скап другар.

„Брат, жалосно но вистинито, не успеавме за последно да се испонаприкажеме, замина без збогум во ова проклето време…Почивај во мир мој скап другар и соборец во нашите заеднички премрежија. Твојата добрина и ведрина е неизбришива од нашите срца“, напиша тој.

To top