Ќерката на Шабан Шаулиќ, Илда Шаулиќ важи за дама на естрадната сцена.
Во интервју за „Телеграф“ таа проговори за женски теми и според неа кој е најголемиот проблем на жените.
„Не знам, мислам дека тоа е прашање за секоја жена, јас велам 100 жени и секоја е различна на свој начин.Да ни дадете иста задача, верувам дека секоја од нас тоа ќе го одработи на свој начин. Мислам дека е убаво да се биде жена, и со проблемите и со убавите моменти“ вели пејачката.
Илда откри за себе еден дел кој можеби не и е познат на јавноста.
„Знам да бидам агресивна, иако луѓето можеби не очекуваат од мене, па се изненадуваат. Но, во зависност од ситуацијата, но некако сакам да гледам на се тоа од друга страна и да поминам помирно“ вели пејачката.