Мегафон

„Нетфликс“ првпат ќе снима серија во Македонија

„Нетфликс“ првпат ќе снима серија во Македонија

Гигантот во телевизиската продукција „Нетфликс“ ќе снима мини ТВ-серија во Македонија, објави денес продуцентката Лабина Митевска, пренесува СДК.МК.

Серијата од осум епизоди е насловена „Во вечерта“, а најголем дел ќе се снима на Скопскиот аеродром. Снимањето ќе почне на почетокот на октомври, а Митевска е извршен продуцент.

Главни продуценти се „Ентре Шиен е Лу“ од Белгија, раководени од еден од најуспешните европски продуценти Себастијан Делои, кој работеше на најновите проекти на Руперт Еверет и Тери Гилијам.

извор:курир.мк

To top