За здравјето на еден од најдобрите возачи во Формула 1 на светот, Михаел Шумахер не е познато многу.
Уште откако доживеа сериозна несреќа при скијање во француските Алпи кон крајот на 2013 година, повремено јавно се појавуваат информации како е. Меѓутоа, сега неговиот голем пријател и спортски директор на Ферари, Жан Тот, проговори за моменталната здравствена состојба на легендарниот спортист.
– Мајкл е многу добро згрижен. Тој живее со своето семејство во Швајцарија и продолжува да се бори. Исто како и неговото семејство. Впрочем, само позитивни мисли му помагаат, а ниеден од нас не губи позитивен став. Михаел е борец и нема да се предаде – откри тој во интервју за “Радио Монте Карло”, па прозборе и за нивното пријателство.
– Нашето пријателство никогаш повеќе нема да биде исто. Тоа е затоа што повеќе не можеме да комуницираме како што некогаш го правевме тоа – рече тој.
Потсетуваме, Шумахер беше во кома шест месеци, а потоа се разбуди во април 2014 година. Тој беше преместен од болница на приватна локација каде што постојано беше третиран од тим на лекари.
фото:гуливер/гети