Холивудската актерка Анџелина Џоли во вторникот била видена на шопинг во друштво на нејзината ќерка и непознат маж за кој се претпоставува дека е нејзиниот телохранител.
За оваа прилика, Џоли одбра долг фустан без ракави, а најмногу внимание привлече нејзините тетовирани раце кои изгледаа послабо од кога и да било.
Холивудската ѕвезда во последно време често ги загрижува фановите со губењето на килограмите. Актерката има околу 54 или 55 килограми, а наводно во 2018 година имала и 40 килограми.
„Што правиш од себе?“ ја прашаа фановите.
Во една прилика актерката изјави дека причина за губењето на килограми е стресот поради загубата на мајка и, и разводот со Бред Пит.