Тијана Ѓуричиќ во јавноста позната како „Кралица на силиконите“, денес живее тотално поинаков живот, а својот изглед целосно го трансформираше.
Девојката која имаше дури 1200 кубика во градите и голема количина силикон во усните, денес извади се’ и изгледот го врати во нормала.
Својата долга црна коса ја скрати и ја обои црвена, а линијата ја донесе до совршенство. Поради тоа што беше дел од ријатлити, еве што вели за евентуално повторно учество.
-Не влегувам во ниедно шоу! Бојата на коса ја сменив и повеќе не сум „кралица на силиконите“ како што медиумите ме нарекуваа уште од самиот почеток на моето појавување. Живеам сосема нормален живот, вели Тијана за Ало.рс.