Надвор веќе владеат високите температури, а граѓаните брзаат да се спасат некаде од горештините и да се опуштат од работните обврски.
Многу јавни личности веќе уживаат на некоја егзотична дестинација полнејќи ги батериите.
Македонската водителка Јелена Спенџарска постојано е активна и на физички план, но и активен корисник на социјалните мрежи.
За летниот одмор таа се подготвува однапред со редовни физички активности, баланисирана исхрана….а за се тоа ги известува „инстаграмџииите“.
Спенџарска може се пофали со одлична фигура и витка линија на која може да и позавидат многу девојки.
Деновиве Спенџарска фаќа боја и ги полни батериите на плажа.
Надвор од секојдневните обврски, Јелена ужива на сонце…. но и се прави папарацо или како што вели таа манијак…
Јелена во кратките приказни на „Инстаграм“ објави видео на кое снима една непозната девојка, а во описот напиша:
„Манијак сум признавам….ама ова со сигурност е најзгодната девојка на плажа…каква е стегната невозможно да не ја гледам. Посебно ја гледаат жените. Секоја чест. Што е добро – добро е“ напиша Јелена во описот на една фотографија….
Спенџарска се мотивараше од згодната девојка, па продолжи да и дели комплименти.
„Каква мотивација значи БРАВО.Ја гледаш и си викаш – само да се вратам дома има одма на работа да се фрлам на работа ваква да се направам“ порача водителката.
Веруваме дека Спенџарска по одморот ќе ги наполни батериите и повторно ќе се врати на своите физички активности.