Радио Милева

Поранешниот свршеник на Наташа Беквалац чека дете со Латиноамериканка

Поранешниот свршеник на Наташа Беквалац чека дете со Латиноамериканка

Манекенот Владимир Вуксановиќ наскоро ќе стане татко бидејќи неговата девојка од Латинска Америка е бремена.

Манекенот и згодната девојка се во врска од претходната година.

Парот моментално се наоѓа на одмор на Родош, а по враќањето во Белград ќе работат на уредување на станот за да се биде подготвено кога бебето ќе дојде на овој свет.

фото: Принтскрин

За потсетување, Владо беше во врска со голем број на познати девојки, а меѓу нив и Наташа Беквалац со која беше во врска една година.

Наташа и Владо се запознале по неговото учество во „Преживеани“ каде што учествуваше Владо со сестрата на Наташа.

Во текот на нивниот одмор на Ибица во 2013 година, каде што и Наташа го прославуваше својот роденден, Владо ја запроси Беквалац. Меѓутоа, нивната љубовна романса не успеа, па Наташа по раскинувањето се врати на својата љубов Љуба Јовановиќ.

To top