Дијана Милојковиќ ја изгуби борбата со тешката болест на своите 33 години.
Нејзиното семејство, колеги, пријатели, роднини се простуваат од некогашна мисица која ја нарекоа хероина.
Во текот на својата борба, Дијана имаше голема поддршка од многу луѓе, меѓутоа и на сите им даваше совети.
Со цел да им помогне на голем број на луѓе, Дијана си отвори свој блог на кој даваше разни совети.
На тој блог својот последен пост го објави на 5 февруари 2019 година на Светскиот ден на борбата против ракот.
Ова е последната нејзина објава на блогот.
„Вчера беше Светскиот ден на борбата против ракот, а денес е мојот 1368 ден од борбата против ракот“.
„Луѓето кое се болни од рак поминуваат низ драма секој ден.На нив секој ден им е борба. Ден без болки е празник. Покрај се, се трудам да бидам позитивна, да се охрабрувам и да верувам дека секогаш постои решение. Луѓето треба да ги информираме за раното откривање на ракот, но и за тоа колку боли.
Во разговор со луѓето кои ги сретнував во болница мислам дека е неопходно да се приклучи и психолог. Со тоа ќе се подобри психилошката состојба на пациентите и членовите на семејството.
Сакам да кажам дека ракот не е болест само на еден член на семејството туку на целото семејство, тука сите се погодни и заедно водат борба за живот. Бескрајно сум благодарна на своето семејство и на пријателите – вистинските и вертуелните кои ми се најголема поддршка.Благодарна сум и на оние кои без никакви зборови исчезнаа.
Сакам да ги храбрам оние кои некогаш се разболеле и кои им недостигаат зборови, да се јават. Обратете се на оние кои се разболеа од оваа болест.
Да се најдеме едни со други и кога е најтешко. Не е срамота да бидеш болен и да бидеш фин. Бидејќи не сте свесни колку ни значи.
Бидете секогаш насмеани и верувајте“ е последната објава на Дијана.
Дијана ќе биде погребана во четврток.