Рецепционерот од „Преспав“ денес го знаат сите, зашто стана новата ТВ ѕвезда уште додека траеше серијата. Дритон Вејсели оттогаш не може да се отараси од популарноста која постојано секаде го следи.
А го следат и неговите обожавател(к)и преку социјалните мрежи каде редовно постира интересни фотографии. Последната беше на неговите Инстаграм приказни, кога рецепционерот од Џепчиште Талат, односно Дритон, реши да ја проба „Faceapp“ апликацијата и да се види себе си како ќе изгледа за некоја деценија.
И се виде… Ама по се изгледа не беше баш воодушевен од „суратот“ на стари години, па побрза веднаш да си го врати ликот во нормала, онака како што изгледа во моментов. Ама од пусто брзање кое никогаш не е на арно, во сета таа брзина на Талат му се „заглави“ апликацијата, па од старост почна да го враќа, да го враќа, да го враќа… Назад во раната младост, па се’ до детството.
И на крај, ете ти го Дритон како изгледал како мало детенце. Фотографија сликана некаде покрај вода, на море или езеро, најверојатно. А таму Талат угол гол… До душа со црна лента ја покрил „гордоста“, за да не биде малку незгодно кога обожавателките ќе ја гледаат фотографијата.
Единствено остана дилемата кај некои од нив, кои беа живо заинтересирани, дали „гордоста“ на Дритон е по цела должина на лентата или кога ја ставал, пак му се „заглавила“ апликацијата за идентификација?
Нам ни остана само да ги упатиме, лично да му се обратат на Талат за одоговор!