Пред гостувањето на балканската фолк ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца на годинешниов „Пиво фест“, пејачката се сретна со градоначалникот на Прилеп.
Како што е редот градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски присуствуваше на прес конференциите и кога другите гости на фестивалот беа во прашање, каде најнормално погледот му беше свртен кон камерите и новинарите, но балканската фолк дива сепак имаше специјален третман.
Покрај интервјуто за новинарите, таа оствари „те-та-те“ средба со прилепскиот градоначалник на која фотобјективот го фати во малку незгодна поза, или поточно ситуација.
Цеца, Јованоски го гледаше во очи додека зборуваше, ама градоначалникот никако не можеше да и возврати со поглед „очи в очи“ на пејачката? Дали градоначалникот во видокруг имаше нешто многу попривлечно и повозбудливо или на твитерџијата кој го објави сомнежот заедно со фотографијата, само така му се чини, проценете самите?