Радио Милева Разголена благородничка

Актерката Марија Бергам за своите секси сцени во „Сенки над Балканот“ (ФОТО 18+)

Актерката Марија Бергам за своите секси сцени во „Сенки над Балканот“ (ФОТО 18+)

Еве што вели за своите секси сцени актерката Марија Бергам која во серијата „Сенки над Балканот“ ја игра главната женска улога на Маја Давидовиќ – заводничка и благородничка која на многумина ќе им го загорчи или заслади животот.

Да бидам искрена, ние актерите сме прилично немоќни, за секси сцените  одлучуваат директорите на фотографија и режисерите.

Како актер, а особено како актерка, многу ризикуваш кога се впушташ во тоа. Бев свесна за тоа, иако немав желба да се промовирам себеси на таков начин. Но, улогата на Маја Давидовиќ е најсериозниот, најсложениот простор за актерска игра во една улога што ја добив досега. И затоа вредеше. Презадоволна сум како се излезе. Што се однесува до тие сцени, признавам дека бев исплашена, бидејќи до самиот крај не знаев како сето тоа ќе изгледа.

Драган Бјелогрлиќ е редок творец, и она што го прави исклучителен е тоа што совршено го познава секој домен на филмската уметност. Многу сум му благодарна што ми укажа  доверба и ми ја даде оваа улога” – вели Марија Бергам.

To top