Синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор Живијоновиќ моментално ги полни батериите на Ибица, едно од омилените туристички места на младите.
Најмалиот син во семејството Живојиновиќ е познат по лудите забави, па така е и овој пат.
Тој со своето друштво ужива на Ибица, а на социјалните мрежи сподели неколку фотографии и покажа како се „расфрла“.
Иако семејството најчесто ужива заедно на некоја далечна дистинација, овој пат одлучи сам со своето друштво да ги полни батериите.
На фотографиите се гледа една јахта, но и трпеза полна со јадења и текила од 125 евра.
Веруваме дека младиот Живојиновиќ убаво ги полни батериите, а мама Брена добро го одврзала ќесето.