Радио Милева

По бракот со Лука Лазукиќ и физичкото насилство, Наташа Беквалац откри дали има ново момче: „Комплицирана сум за мажите“

По бракот со Лука Лазукиќ и физичкото насилство, Наташа Беквалац откри дали има ново момче: „Комплицирана сум за мажите“

Пејачката Наташа Беквалац претходната година доживеа вистинска драма кога нејзиниот сопруг физички ја нападна.

Таа многу не сакаше да зборува на оваа тема, а во последната емисија на „Амиѓи шоу“ откри дали е разведена и каков е нејзиниот емотивен статус.

„Се уште законски не сум разведена, но откако не сум во заедница не ми се случи никој. Како зрачиш, така привлачиш. Не е дека не сум спремна, но никој не ми привлаче внимание. Ја сум комлицирана за мажите. Имам ќерка која има 12 години. Катја е бебе, посветена сум мајка и не сум сигурна дека сум подготвена некој да ми го руши семејниот мир. Но, нешто несериозно, зошто да не“ вели Беквалац.

фото: Принтскрин

Наташа опиша како сега изгледа нејзиното семејство.

„Во моето семејство ја вбројувам и Јована, дадилката на Катја, кога сега ми е најдобра другарка. Ние 4 сме совршено семејство. Мојот однос меѓу мене и Хана е пријателски, но се знае кој е кој. Кога ќе ме замоли нешто, како да и кажам не?“ вели Наташа.

Беквалац истакна дека на својота ќерка и забранила да има „Инстаграм“ и ќе биде така се додека може.

To top