Музичката реге легенда Пет Кели почина вчера на 16 јуни поради компликација на болест со бубрезите во своите рани седумдесетти години.

За смртта на Кели, јавноста ја извести неговата сопруга.

Кели својата музичка кариера ја започна уште во почетокот на шеесеттите години на минатиот век, а засекогаш ќе остане познат по своите реге хитови, како и по мегапопуларната нумера „How Long“.

-Кели не беше само одличен музичар туку и многу дисциплиниран и добар човек – изјавил негов пријател за медиумите.