Мегафон

„Авалон“ со „Југотон нова плоча“ во заеднички потфат со „Кроација рекордс“

„Авалон“ со „Југотон нова плоча“ во заеднички потфат со „Кроација рекордс“

„Авалон“ го најави новиот заеднички потфат со хрватските колеги од „Кроација рекордс“, која е една од водечките издавачки куќи во регионот. Станува збор за првата музичка продавница на „Авалон“ во Македонија, со досега невиден квалитет и концепт на работа на овие простори, велат од продукцијата.

Продавницата „Југотон нова плоча“ се наоѓа во срцето на градот, во ГТЦ (веднаш до поранешниот дуќан на „Пола Југотон“) и во моментов работи како продажно место за билети на „Авалон“, а големото отворање е закажано за 17 септември.

To top