Радио Милева

Сопругот на Северина, Игор Којиќ во суд потврдил дека оставил чуден предмет пред домот на Милан Поповиќ

Сопругот на Северина, Игор Којиќ во суд потврдил дека оставил чуден предмет пред домот на Милан Поповиќ

Во медиумите неодамна се појави вест дека наводно сопругот на Северина, Игор Којиќ пред домот на нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ оставил некој чуден предмет.

Како што пренесува „Блиц“, Игор бил сослушан во суд каде што признал дека пред домот оставил црна свеќа.

Имено, пред домот на Милан Поповиќ во Загреб, кон крајот на мај застанал автомобил со марка ауди, кој е во сопственост на Северина Којиќ, а од кој од совозачкото место излегол сопругот на Северина, Игор кој оставил кутија пред вратата.

фото: душан милинковиќ

Тој предмет наликува на свеќа, а на камерите се гледа дека станува збор за Игор Којиќ.

Наводно, на сослушувањето во полиција тој го потврдил тоа И понатаму не е познато дали со автомобилот управувала Северина или некој друг.

И некогашниот менаџер на Северина, исто така зборуваше за хрватските медиуми за местериозен предмет.

„Со оглед на тоа дека се води истрага, за деталите не сакам да зборувам. Само можам да кажам дека Северина многу добро ја познавам и сум сигурно дека нема никаква врска со овој случај“ вели менаџерот за хрватските медиуми.

To top