Радио Милева

„Ти си свет, другите се клошари“: Весна Змијанац ја пофали Карлеуша, па удри по колегите

„Ти си свет, другите се клошари“: Весна Змијанац ја пофали Карлеуша, па удри по колегите

Популарната пејачка Весна Змијанац го пофали настапот на Јелена Карлеуша на фестивалот „Влез“, а поради нејзините зборови горат социјалните мрежи.

Весна снимила порака за Јелена која пејачката ја објави на својот „Инстаграм“.

Змијанац во порака тврди дека настапот на Јеца изгледал светски, додека за другите истакна дека се клошари.

фото: принтскрин/инстаграм/јеелнакарлеуша

„Љубави те гледав. Ти си свет, другите се клошари“ вели Весна во камерата.

Весна останатите ги нарече клошари, но не се знае дали мисли на учесниците на „Влез“ или на цела естрада.

За потсетување, Змијанац и мајката на Јелена, Дивна Карлеуша беа многу добри пријателки.

Порака на Весна може да погледнете тука.

To top