Радио Милева

Милан Поповиќ проговори за борбата на старателството на синот: „Северина манипулира со јавното мислење“

Милан Поповиќ проговори за борбата на старателството на синот: „Северина манипулира со јавното мислење“

Северина Којиќ и нејзиниот бивши сопруг Милан Поповиќ веќе пет години водат битка за старателството на синот Александар.

Милан сега првпат проговори за судската постапка, но и за мејлот кој го добил од Северина, а кој содржи многу навреди.

Во интервју за „Стори“, Поповиќ откри каков е неговиот однос со Севе и вели дека за него, таа не постои.

„Каков однос? Не постои никаков однос. Искрено, најлошо беше додека бевме заедно, последните месеци пред да се разделиме запознав која е Северина. Не можев да верувам дека некој може да глуми толку време и да се покажува во различен профил на човек.Во прв момент, тоа ми изгледаше како пролазна фаза кај жената, но кај неа тоа не поминуваше со месеци, сфатив дека од Северина остана само името, а дека се друго се промени“ вели Милан, а на тоа дека кога станува збор за старателството на синот, Северина е жртва, а Милан има моќ и пари, бившиот сопруг на пејачката вели:

фото: Принтксрин/инстаграм/северина

„Прво, дај не претерувате, никогаш не сум имал моќ, ниту ми треба. Да имав и да ја употребев зар не мислевте дека Александар одамна ќе живееше со мене, а не да го гледам 10 дена во еден месец?Каква е таа предност? Северина манипулира со јавното мислење, дава лажни информации дека институциите се против неа, бара поддршка од јавноста и невладините организации кои помагаат на вистинските жртви на насилство, можеби поради тоа и се може и подобро се чувствува. Тоа се лаги кои и се вртат во глава“ вели Поповиќ.

За потсетување, неодамна Поповиќ го обвини сопругот на Северина, Игор Којиќ дека оставил чуден предмет пред неговиот дом.

To top