На „Гала ноќта на познатите личности крај базенот“ во луксузно украсениот екстериер на “Ковилово одморалиште”, минатата ноќ се појавија музичките ѕвезди.
Меѓу првите пристигна Ана Кокиќ која на новинарите и фоторепортерите им порача:
„Сите ние имаме бујни гради, па ќе имате многу работа и страници исполнети со нашите раскошни атрибути“.
„Гради во гради“ со неа можеше да се натпреварува Дара Бубамара, која дојде дури од Нови Сад и покрај здравствените проблеми.
„Ништо не е тешко за мојот пријател, уредникот на шоуто Ексклузивно, кое ми додели две награди. За најоригинален концерт и најинтересни изјави во споменатото шоу. Јадно што некои квазиѕвезди не дојдоа на овој гламурозен настан“, рече Дара, и ја праша Маја Беровиќ дали има спреј за комарци чија инвазија ја почувствува на себе.
„Тоа е затоа што таа е најслатка“, со насмевка коментира Маја Беровиќ.
На забавата присуствуваа и Јадранка Барјактавиќ, која ја доби наградата за „најдолги нозе на шоуто“, но истакна дека Снежана Бабиќ Снеки се уште е на тронот според неа.