Чудна жена ти е Лила, не може да нурка, а може да плива. И никако не може да потоне. И да сакаш да ја удавиш – не можеш, не оди… Впрочем пробаа, ама попусто. Џабе нејзиниот асистент Спасе се трудеше да ја потопи, кога Лила ти е како гумена топка: Колку подлабоко ќе ја потопиш под вода, толку повисоко ќе отскокне над водата!
Така беше и овој пат… Колку сиротата и да се трудеше да се нурне во проѕирниот базен, толку повеќе испливуваше на површина. Освен тоа, мораа постојано да го дополнуваат базенот, зашто за Лила обилноважи Архимедовиот закон: „Секое тело потопено во вода, губи привидно онолку од својата тежина, колку што изнесува истиснатата течност од базенот“!
А кај Лила, при секое потопување, базенот баеги се прелива. Кој знае колку кубика истисната течност?
View this post on Instagram
Како и не би кога моќната силиконска предница си го прави своето. Ем ја преливаат истиснатата вода, ем ја држат водителката на површина. Па колку и да се труди да се нурне – не може!
Ама тоа и не е така страшно, па дури на моменти е и компаративна предност. Нееееее… Не зборуваме за на суво, за во вода беше муабетот!
Како прво, Лила никогаш не може да се удави, а како второ… Двете „силиконските убавици“ и пружаат ретка можност: Да појадува во вода!
Видоа-не видоа, сиротите домаќини мораа да и подготват „пловечки доручек“, па појадокот и го служеа во базенот!
Ем си плуташ, ем си мезиш! Силиконска предност, за „влажно“ гастрономско задоволство!