За љубовниот живот на Емина Јаховиќ веќе некое време се зборува и се нагаѓа дали се смирила со турскиот милијардер или не, за пејачката уште повеќе да ги збуни своите фанови, објавувајќи фотографија во венчаница.
Откако се раздели од Мустафа Сандал со кој има два сина, Емина стапи во врска со турскиот милијардер Садетин Саран, но нивната љубовна приказна не траеше долго. Сепак, сè повеќе се слушаат гласини дека двајцата се смириле, а пејачката остана без коментар на таа тема.
По објавувањето на букетот црвени рози не откривајќи од кого ги добила, Емина објави и фотографија во венчаница, а на сето тоа во раката држи и бидермаер.
Се чини дека е целосно средена за венчавка, па многумина се прашуваат дали се омажила за милијардерот? Сепак, други тврдат дека се работи само за модна ревија на венчаници на која таа учествувла како еден од моделите, а што е вистина, веруваме дека Емина наскоро самата ќе открие.