Летото и летните одмори се во полн ек, а високите температури придонесоа македонските јавни личности да ја отворат летната сезона и да заминат на одмор.
Многумина од нив ги спакуваа куферите и замина на плажа. Некои од нив се одлучија да летуваат во Грција, а некои пак во Црна Гора.
Соблечени во бикини, македонските дами позираа покрај плажите.
Македонската поп дива Калиопи Букле одлучи да „избега“ од топлото време и да направи одлична комбинација на работата и одморот.
Имено, Опи неодамна имаше одличен концерт во Будва, а по концертот одлучи да ги “наполни батериите“.
Поп дивата се соблече во костим за капење, а првпат на социјалните мрежи објави фотографија во вакво издание.
„Море, во моментот сум потполно твоја“ напиша Калиопи во описот на една фотографија каде се гледаат нејзините бујни гради.
Опи ги почасти фановите со уште неколку фотки од нејзиниот одмор нарчен рај, а нејзините фанови ја „осипаа“ со позитивни коментари.
Веруваме дека Опи ќе ги наполни батериите, па потоа ќе ги радува фановите со својот вокал.