Близината на Егејското море, инфраструктурата, поволната клима и пристапните цени… се само некои од причините што многумина Македонци летуваат кај јужниот сосед. Меѓу нив, секако и голем број од јавните и познатите личности, меѓу кои и оние од естрадата.
Македонската пејачка Девана Нардели е една од оние, кои деновиве уживаат на Халкидики. Русокосата решила да не биде на едно место, па деновите ги минува на неколку различни локации. Познатиот и ексклузивен гранд ресорт Порто Карас, познат по комарот и место каде македонските олигарси ги чуваат своите јахти, е едно од местата каде Девана уживаше… или само се сликаше, сеедно. А, на фотогрфаијата, пејачката како модерна Индијанка.
Впрочем облечена во бела туника со висечки обетки и диоптер очила, изгледа прилично заводливо и сексапилно… Особено што под туниката се проѕира и белата долна облека на пејачката, која ја бранува фантазијата… Што за летни прилики и не е нешто необично!
Ама затоа, вистинска бура од емоции и коментари предизвика она што го носеше на себе додека одмараше во Сарти.
Имено, ако Тамара „случајно и од возбуда“ ги „измеша“ зборовите од химната, Девана исто така (не)намерно ги измеша знамињата. Грчкото и македонското! Променета во „тегет“ маичка на која го пишува името на земјата на грчки и англиски јазик, на пејачката градите и ги покрива грчкото знаме. Она од папокот надолу пак и го покриваат, се црвените гаќички со апликација на сонцето од македонското знаме.
Само што Девана како и Тамара… Ги „измеша“ работите… Во случајов, географската локација на државите, чии државни симболи се знамињата. Грција географски гледано, никако не може да биде над, туку под Македонија, па нашето знаме требало да биде на маичката, а грчкото на гаќичките, ако веќе толку сакала да ги има.
Но, како и за секој спор и за овој има решение. И тоа компромисно, се надеваме на задоволство на двете страни. Едноставно е: Само некој треба да ја преврти пејачката наопаку…
…И се’ ќе си дојде на свое место! Барем географски!