Гоца Тржан и поранешниот сопруг Иван Маринковиќ со години водат битка околу алиментацијата на нивната ќерка, а пејачката сега откри дека на сопругот нема да му прости ни денар.
Имено, Гоца поднела три кривични пријави против бившиот сопруг бидејќи не плаќа алиментации.
„Правата кои жените ги бараат на суд не се нивни права, туку права на децата. Јас барам права за моето дете неговиот родител треба да го издржува и тука нема дискусија.Државата треба да направи фонд за самохраните мајки кои не успеваат да ги наплатат долговите од татковците“ вели Тржан.
Пејачката и нејзината ќерка Лена од 2011 година, поточно од разводот не добиле ниту денар од Иван.
„Точно е, ниту една уплата од Иван Маринковиќ. И тие приказни дека јас сакам нешто да му земам се глупост. Секоја година оди камата и јас планирам тоа да го наплатам. Не паѓа ми на памет да простувам, бидејќи мене никој не ми прости и никој ништо не ми даде. Поради тоа – не простувам ништо“ вели пејачката.
Таа е свесна дека и нејзиниот бивши сопруг може да заврши во затвор.
„Тоа е правна работа. Јас немам емоции кон тој човек и да немам дете со него. Јас своето право ќе го истерам до крај и не ми е жал. Секако, нема јас да го пратам во затвор туку неговото однеусвање. Ако не плаќаш, доаѓа извришител и наплаќа што си должен“ вели Гоца за „Свет“.