Радио Милева

Бекамови прославија 20 години од бракот, а Дејвид Бекам се обрати со емотивна порака до сопругата

Бекамови прославија 20 години од бракот, а Дејвид Бекам се обрати со емотивна порака до сопругата

Викторија и Дејвид Бекам важат за еден од најскладните бракови во светот.

Нивниот брак успеа да ги надмине сите шпекулации, а деновите прославија 20 години брак.

Тие се венчаа пред точно 20 години, а круна на нивниот брак се нивните деца: Бруклин,Ромео, Круз и Харпер.

По повод 20 годишинината од бракот, Дејвид на својот Инстаграм објави емотивна порака.

„Погледни што направиме за 20 години, те сакам многу“ стои во објавата.

За потсетување, Викторија и Дејвид пред 20 години направија свадбена церемонија која беше наречена свадба на деценијата.

Беа ангажирани вкупно 400 работници за да се биде во најдобар ред.

To top