Во класичната опера, која првпат е изведена во Париз во 1875 година, Дон Хозе во наплив на љубомора ја убива Кармен, додека новата верзија што се прикажува во Фиренца завршува со обратна сцена – во која Кармен испукува смртоносни истрели во Дон Хозе.
„Ова е начин на сите да им покажеме, и на мажите и на жените, дека доста ни е од насилство. Во овој случај се работи за јасна порака против насилството над жените, ’чума‘ која секогаш нè допира сите нас, а во овој момент тоа е очевидно за сите“, изјави за американската агенција сопранот Вероника Симеони спроти настапот одржан пред неколку дена.
Реакциите на измените на сценариото на операта од страна на гледачите и корисниците на социјалните мрежи се поделени, но во секој случај, влезниците се распродадени до последното место. Се планира операта во новата верзија да остане на репертоарот во наредните две или три години.