Неодамна заврши 12-тата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Оваа година членовите на жирито освен што беа судии има и улога на ментори.
Така, по финалето, Ѓорѓе Давид кој оваа година беше прв пат во музичкото шоу, во едно интервју истакна дека Ана Бекута не била доволно посветена на своите кандидати.
Ана не остана должна, па веднаш врати на прозивките.
„Мислам дека го кажа тоа без да размисли и чекам извинување од Давид“ изјави Ана Бекута.
За потсетување, оваа година во музичкото шоу победи Џејла Рамовиќ.