Радио Милева

Пропаст и долг од 80 милиони: Се огласи сопругата на Џејми Оливер!

Пропаст и долг од 80 милиони: Се огласи сопругата на Џејми Оливер!

Помина повеќе од еден месец откако рестораните на Џејми Оливер беа затворени. Дури и 25 ресторани веќе не постојат, а работата ја изгубија околу 1.300 работници. Најпознатиот телевизиски готвач светот, се уште работи, бидејќи со меѓународна франшиза Оливер има 61 ресторан во светот, кои ќе продолжат со работа. Сопругата на Оливер,Џулс, за првпат по падот што им се случи, кажа како се чувствуваат сега.

– Сите се скршени и ни треба пауза. Сè што некогаш сакав беше деца и домашен живот. Тоа сум јас “, изјави сопругата на Џејми Оливер во интервју за магазинот „Red”.

Џулс постојано беше со Џејми, додека тој чекореше напред со големи потези за да ја изгради кариерата на врвен готвач. Сепак, Џејми минатата година објави дека имаат финансиски проблеми. Тој тогаш, според медиумите, должеше 2,5 милиони евра на своите работници, па дури 80 милиони евра за банките.

фото:инсатграм

Џејми и Џулс се во брак веќе 19 години, а заедно се 26 години. Тие имаат пет деца, а Џулс сега открива што планираат следната година. И покрај проблемите што им се случува на бизнис план, сосема се разликуваат приватно.

– Следната година ќе прославиме 20 години брак, и повторно ќе се венчаме, но тоа ќе го направиме на поинаков начин – на отворено и боси – ги откри плановите Џулс, а пишува “Телеграф”.

Ова семејство претрпе голем пораз со затворањето на рестораните, но се убедени дека сето ова ќе ги совладаат заедно.

To top