Радио Милева

Активна трудница: Катарина Ивановска не мирува ни во текот на бременоста (фото)

Активна трудница: Катарина Ивановска не мирува ни во текот на бременоста (фото)

Македонскиот модел Катарина Ивановска  ужива во својата втора бременост.

Имено, пред некое време во медиумите се појавија вести дека моделот повторно ќе биде мајка, а оваа вест таа ја потврди преку социјалните мрежи објавувајќи фотографии на кое се познава трудничкото стомаче.

фото: Принтскрин/инстаграм/катаринаивановска

Моделот неодамна беше на одмор во Шпанија од каде ги почасти фановите со неколку фотографии од плажа и покажа како ги полни батериите.

фото: принтскрин/инстаграм/катаринаивановска

Меѓутоа, Катарина е неуморна трудница, па и во текот на бременоста продолжува со своите физички активности.

Имено, деновиве Ивановска посети еден фит центар од каде што објави фотографија и покажа дека е активна трудница.

фото: Принтскрин/инстаграм/катаринаивановска

Во спортска комбинација, Ивановска повторно го покажа стомачето и е пример за многу идни мами.

За потсетување, Катарина во 2017 година стана за мајка првпат односно го доби синот Вања.

 

 

To top