Kолумбиската мисица, модел и актерка, Ариадна Гутјерез (25) освен што одмара во Мајами, ги завршува и деловните обврски.
Сексапилната латино – убавица во текот на снимањето на еден моден едиторијал на песочната плажа променила неколку различни костими за капење, а случајните минувачи можеле да уживаат во глетката. Особено во моментите кога на убавицата и се случиле неколку пеха.
Најпрвин, додека нејзината асистентка ѝ помагала да го намести горниот дел од бикинито, нејзината брадавица случајно “испаднала” од лежиште, но тоа не било се’, зашто главното допрва следувало.
Уште поинтересен момент, особено за папараците следел подоцна, кога сексапилната Ариадна го покажала и своето голо га*е.
Инаку, Ариадна беше Мис Колумбија во 2014 година, а стана позната по изборот за „Мис Универзум“, кога водителот Стив Харви по грешка ја прогласи за победничка!