Српската ТВ водителка Деа Ѓурѓевиќ успешно се опоравува од последиците од сообраќајната несреќа која ја имаше кон почетокот на месец февруари годинава.
Нејзината сила, оптимизам и насмевка беа само некои од причините поради што јавноста ја нарече„храбрата жена“ и и’додели титула на хероина. Со својот ведар дух и во најтешките животни моменти, го воодушеви регионот што е случај и денес.
Имено, храбрата Деа ги поздрави своите следбеници на Инстаграм со снимка на која се гледа нејзината повредена рака, овој пат без медицинската метална потпора и дел од гипсот.
-Имам уште гипс, но само на долниот дел од раката. Имав многу поголем гипс, но дел го тргнаа, но здравје Боже наскоро ќе тргнат се! Се надевам дека тоа ќе се случи до крајот на неделава, вели Деа за позратот Пинк.рс, и додава дека докторот е презадоволен од нејзиното закрепнување.
-Задоволен е и вели дека сега треба само терапија, тоа сега е најважниот дел, објаснува водителката.
-Сите се воодушевен, сите се среќни поради мене, тоа ми дава дополнителна мотивација, признава Деа која изминатите неколку месеци преживеа вистински хорор откако автобус и ја откина раката.