На почетокот на јуни, Сека Алексиќ се пофали дека е бремена и повторно ќе стане мајка.
Таа во бракот со Вељко го има синот Јаков, а бидејќи е во рана бременост се уште не се знае полот на бебето.
Сека не крие колку таа и нејзиниот сопруг се среќни што нивното семејство ќе се прошири за нов член.
Алексиќ на својот „Инстаграм“ објави фотографија со синот и сопругот како уживаат во базенот во нивниот двор.
Пејачката одбра едноделен костим за капење во кафаева боја.
Под објавата се нижеа коментари на сметка на пејачката.
„Да бидете живи и здрави и среќни, а Господ ќе ви даде се она што сакате“, „Честитам убавице, да бидеш здрава и жива“ , „Прекрасни, многу сум среќна поради вас“ се само некои од коментарите.