Незабиколен дел од летната „туристичка понуда“ веќе со години е проституцијата која се одвива на јахтите по турските, хрватските и црногорските води. Според едно минатогодишно истражување, во Хрватска 6 700 жени се бават со проституција, а редивни клиенти кои користат такви услуги има меѓу 75 и 110 илјади. Од година во година е се поголема побарувачката по девојки со „лесен морал“, а што се се случувало на јахтите и кој се’ се бавел и ги користел услугите на проститутките, покажа и разоткриената афера на најголемиот ланец на елитна проституција во Хрватска, која иако беше затворена за јавноста откри многу детали за оваа работа и клиентите.
Во јахтинг проституцијата на Јадранот уживаат богати странци, домашни бизнисмени, спортисти и припадници на подземјето кои за дружење со овие дами издвојуваат и по 1000 евра. Девојките на Јадранот доаѓаат не само од Хрватска, туку од сите земји на поранешната федерација. Некои од девојките своето тело го продаваат и за парче накит, луксузно парче облека или брендирана чанта. Дивите забави се зачинети со големи количества алкохол и кокаин, кој се шмрка со бесвест. Како изгледаат забавите откриваат анонимните исповеди на вработените на јахтите.
„На овие јахти најлошо не се однесуваат нивните сопственици, туку оние кои ќе ги изнајмат за една или две недели и затоа плаќаат и преку половина милион евра за да уживаат. Се’ се сведува на: да набавиме дрога, проститутки и да ги малтретираме вработените. Но, не се жалам, зашто за едно лето заработив преку 28 илјади евра од бакшиш“ – раскажал еден од членовите на екипажот, кој работел на странските јахти.
Открил дека најдобра е заработувачката во Кан, каде проститутките заработуваат и до 35. 000 евра за ноќ за време на филмскиот фестивал, а гости се бројни славни актери и великани од светот на филмот.
„Кога доаѓаат големи клиенти на јахтите сите детали се однапред договорени. Тогаш најскапите девојки може да заработат и до 3500 евра“, раскажала една од елитните дами.
Според еден посредник, пак, чија работа е на богатите газди да им носи проститутки, дрога, секс помагала со најодврзано ќесе се Арапите.
„Кај нив може да се заработат и до 35. 000 евра за само една ноќ. Ним парите им се само хартија. Жените ги бираат на копно, а на јахтите често има и по десет девојки, обично модели кои се голи или полуголи. Забавата се сведува на дрога, пиење и секс“, рекол посредникот.
„Сексот не е толку страшен, обично трае само пет минути. Малку стенкаш, воздивнуваш, се превиткуваш, му кажуваш дека му е голем и тврд, нему тоа му е прекинувач и готов е за пет миниту“ – открива една руска елитна проститутка.