По разделбата од Бредли Купер(44), убавицата Ирина Шајк (33) има попаметна работа отколку да пати или барем навидум изгледа така.
Сепак, деталите покажуваат дека Ирина е активна повеќе од било кога, може да се каже и поубава, а со новиот потег направи „хаос“ на социјалните мрежи и во светските медиуми.
Имено, таа на 28-ми јуни е фотографирана во центарот на Њујорк во секси издание, а најголемо внимание предизвика она што го имаше во рацете. Станува збор за плик чантичка во форма на книга, а написот на истата сите го протолкуваа како јасна порака.
Чантичката е дизајнерско дело на Олимпија Ле Тан, а го носи името на насловот од славниот Достоевски „The idiot“.
Ирина не го носи ниту дијамантскиот прстен кој Бредли и го даде во 2017 година. Исто така, убавицата повеќе не живее во Лос Анџелес, па по напуштањето на заедничкиот дом, се пресели во Њујорк. Покрај Ирина, и лејди гага 933) блеска, а за Ирина и Бредли не кажува ни збор.
Гага на 28-ми јуни ја поддржа парадата на гордоста во Њујорк, а критиките на сметка на нејзиниот изглед се повеќе од позитивни.
Гага на себе имаше целосен изглед со потпис на „Версаче“.