Радио Милева

19 години по завршувањето на серијата „Беверли Хилс“, Бренда и Брендон на заедничка фотографија (фото)

19 години по завршувањето на серијата „Беверли Хилс“, Бренда и Брендон на заедничка фотографија (фото)

Од завршетокот на серијата „Беверли Хилс“ поминаа 19 години, а како што е познато, на големо се подготвуваат новите епизоди од ова остварување што беше популарно во 90-тите години од минатиот век.

Додека фановите очекуваат што ќе се случи со популарните ликови, Шенон Доерти, која ја глуми Бренда Волш, објави заедничка фотографија со колегата Џејсон Присли, кој во серијата беше нејзиниот брат Брендон Волш.

-И само така, близнаците се вратија – напиша актерката во описот.

Фотографијата наиде на лавина од реакции и коментари.

„Ова го прави тинејџерот во мене многу среќен“, „Со години ја чекам оваа средба“, „ О, Боже, близнаците се вратија во градот“, беа само некои од коменатрите.

To top