Радио Милева

Соседите на Јелена Розга открија непознати детали за хрватската пејачка

Соседите на Јелена Розга открија непознати детали за хрватската пејачка

Јелена Розга се обидува да го сокрие својот приватен живот далеку од очите на јавноста, а сега нејзините соседи открија непознати детали за пејачката.

Нејзините соседи од Сплит тврдат дека Јелена спие до попладне, а на кафе не оди пред 14часот.

Кога ќе се разбуди купува пециво и сок од портокал, како и кафе од ванила, а потоа оди на ручек кај родителите кои живеат во соседниот крај.

Меѓутоа, пред да живее во оваа населба, Розга живеела во друг дел на Сплит, а тамошните станари велат дека таткото на пејачката донесувал храна.

фото: Милош рафаиловиќ

Соседите велат дека ја слушнале како пее и вежба песни.

Тие велат дека го гледаат и Иван Хуљиќ, синот на Тончи Хуљиќ да доаѓа кај Розга.

За потсетување, за романсата меѓу Ивана и Розга се зборуваше многу во медиумите.

фото: е-сток

„Синот на Хуљиќ наутро го шеташе кучето, додека Розга спиеше. На телевизија ми изгледа високо, а инаку е слаба и пониска, но многу културна. Ја гледав на балкон околу 3,4 часот наутро кога се враќа од концерт“ вели сосетка на Розга.

Соседите исто така открија дека често го гледале Стјепан Хаусер, поранешниот свршеник на Розга кој често ја водел на ручек.

To top