Познато е дека фудбалерот Дејвид бекам своите деца ги бакнува во уста, поради што неколкупати досега беше мета на јавноста.
Овој пат својата ќерка Харпер ја бакна во уста на трибините и предизвика остри реакции на социјалните мрежи. Бекам ја однесе ќерката на натпреват од Светското првенство во фудбал за жени, па девојчето од трибините навиваше за англиската репрезентација.
Во навивачкиот жар, Бекам ја бакна Харпер во уста, а фотографите го забележаа овој момент. Тоа предизвика лавина коменатри и осуда упатена на сметка на поранешниот фудбалер.
Многумина сметаа дека Бекам претерал и дека фотографијата ги поминала границите на добриот вкус.
„Ова е за затвор“, напиша еден корисник на Твитер.
Инаку, покрај Дејвид и Викторија, исто како ги бакнува своите деца во устата, но сметаат дека тоа е сосема нормално за однос родител-дете.