Радио Милева Од главата си патиме

Од Петровден и Илинден до Божиќ… Нема (да има) празник без Цеца, Жељко Јоксимовиќ, Дино-Мерлин…!

Од Петровден и Илинден до Божиќ… Нема (да има) празник без Цеца, Жељко Јоксимовиќ, Дино-Мерлин…!

Српската фолк пејачка Цеца ќе биде главна ѕвезда на годинешниов „Пиво Фест 2019“ во Прилеп. Оваа вест разлути дел од македонските пејачи, иако македонски пејачи на фестивалот ќе има, а бурно реагираше и Бобан Милошески, газдата на „Авалон Продукција“.

Тие не можат да си објаснат како се трошат големи суми на пари на „сто пати“ веќе видени и слушнати пејачи од соседството, додека за македонските изведувачи  не се двојат ниту минимум средства како би се ангажирале и платиле. Веројатно мислејќи на некои од нивните ексклузивци.

Токму од тие причини  Бобан – Авалон се огласи на социјалните мрежи:

Друго прашање е  дали вака би реагирал кога наместо Цеца, прилепчани би ја донеле Мадона на пример, која би му била жестока конкуренција во бизнисот со носење светски ѕвезди на домашен терен, но тоа е друга приказна!

Охриѓани пак и нивната СДС-овска локална власт се колнеа дека повеќе во шпицот на летната сезона, балкански пејач нема да го „помириса Охрид“, односно ќе може да дојде само како турист. Зашто и онака градот и езерското крајбрежје се полни како око во текот на летото, особено околку празникот 2-ри Август и со и без српските, хрватските, босанските… турбо-фолк народњаци, забавњаци, стари рокери… Арно ама, во стилот на нивниот лидер Заев, денес кажаното важи, утре „пу, пу – не важи“!

И кога ете ти преку ноќ осамнаа веста, информациите и билбордите за концерт на Жељко Јоксимовиќ во Охрид, на 3-ти август на стадионот „Биљанини извори“. Џанам, како да е традиционален, па секоја година во деновите на и околу Илинден, Охрид му е капарисан на Јоксимовиќ!?

Скопската градска власт отиде дури и подалеку. Информациите велата дека деновиве во Скопје престојувал Дино Мерлин, на преговори со челниците на Град Скопје. Неофицијално, градоначалникот Шилегов се токми Мерлин да биде главната ѕвезда на плоштадот Македонија или како веќе ќе го наречат, за новогодишната ноќ во Скопје.

Од ПР службата на градот ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат веста. Велат, сега за сега, ништо не знаат, ништо не е сигурно, не е потврдено… А Дино – Мерлин? Можеби бил во Скопје на разговори, ама тоа не значело дека работата е договорена!? Е, ајде баш да видиме!?

 

To top