Мегафон „Simply the Best“

Василичарскиот концерт на МОБ со рок и поп хитови оваа година

Василичарскиот концерт на МОБ со рок и поп хитови оваа година

Македонската опера и балет и оваа година ќе го организира традиционалниот концерт за Василица. Насловен е „Simply the Best“ и ќе има две изведби, на 12 и 13 јануари од 20 часот.

 Предвидено е да трае два и пол часа во кои публиката во МОБ ќе слуша рок и поп-хитови од 1980-тите и 1990-тите години. Влезниците се продаваат по цена од 800 денари.

Следен програмски термин на МОБ е 17 јануари кога ќе биде изведен балетот „Самсон и Далила“ на музика на Камиј Сен-Санс, а во последните два дена од месецов ќе има две изведби на балетот „Оревокршачка“ од Чајковски.

На 21 јануари напладне МОБ ќе организира и балетска претстава за деца „Снежана и седумте џуџиња“ од Богдан Павловски во режија, кореографија и инсценација на Витолд Борковски.

Балетот е според приказната на браќата Грим, а првпат во улогата на Снежана ќе настапи Стефанија Гаштарска, студентка на престижната балетска академија Бољшој во Москва.

извор:cooltura.mk

To top